Шкендија покажа две различни лица на гостувањето во Разград во Бугарија, па иако ја делеше една топка од пласман во Лигата на Европа, македонскиот првак на крајот остана со местото кое веќе го осигура во Конференциската лига. Лудогорец експресно ја анулираше негативата од Скопје и со два брзи гола до 24-та минута стекна предност во вкупниот резултат (3:2), а единствена добра вест за Шкендија од првото полувреме беше тоа што не прими уште неколку ...

Интернационалецот од Сенегал, Фабрис Тамба со неговиот гол во 64 минута за Шкендија го однесе реваншот од плејофот во Лигата на Европа против Лудогорец во продолжение. Препорачано Тамба имаше одлична шанса и во 88 минута да го израмни резултатот и потенцијално ги доведе тетовските „црвено-црни“ поблиску до влез во ЛЕ, но за жал топката за малку помина покрај стативата, иако сите скоро помислија дека домашната мрежа е затресена. Бугарската екипа ...