Југоисточен Авганистан повторно погоден од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, по серијата потреси што следеа по разорниот земјотрес од 31 август во кој загинаа над 2.200 луѓе, а преку три ипол илјади беа повредени. Најпогодена беше провинцијата Кунар во која десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата. „Бевме во многу лоша состојба. Немавме каде да спиеме и немавме храна. Среќни сме што овие хуманитарни организации ни дадоа прва ...

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7.. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, ...