ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот во Охрид ќе почне од 20 часот. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на коалицијата на ДУИ Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани ќе ја претстави изборната програма во малата сала на Центарот за култура со почеток во 14:30 ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави поддржаните кандидати за градоначалници и советници во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и во Куманово. СДСМ попладнево и вечер е во Градско, Чашка, Велес и во Свети Николе. Кандидатите на Левица во Кичево и во Охрид ќе имаат средба со граѓани, а во Струга ќе се одржи промоција на кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. Средби со граѓаните ќе имаат и ...