До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најтежок е пожарот на Планината Готен. -Најсериозен и најкомплексен пожар со кој се соочуваме моментално е оној на планината Готен, која се наоѓа помеѓу ...
Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400 литри вода се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Михаилов вели дека по неколкудневната битка со огнот за да се спасат радовишките села Подареш, Јаргулица и Покрајчево, огнената стихија на планината Готен, од страната на Радовиш, е ставена под ...
Ситуацијата со пожарот на планината Готен станува сѐ поопасна и драматична, информираат од Територијалната противпожарна единица Берово (ТППЕ). Пожарникарите, заедно со екипите од ШС Малешево, се веќе 24 часа на терен, но нивните ресурси се при крај, а огнената стихија брзо се шири кон месноста Широки Дол, каде што се загрозени викенд-куќи и населени места. „Ситуацијата е најлоша што може да биде. Потребна ни е помош – веднаш и масовно. Ги ...