Граѓанските иницијативи реагираат на измените на Изборниот законик. Велат, високиот праг за потребниот број потписи за кандидатури е оружје против независните листи. Пратеничките состави се менуваат, но тенденцијата да ги подметнуваат истите валкани сопки останува. Не затоа што независните не се доволно добри, туку затоа што се доволно опасни по нивниот монопол. Ова не е изборен закон. Ова е акт на страв. Страв од гласот што не го контролираат, ...

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура. Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека ...