Жителите на преспанско Љубојно веќе шести ден со протести се спротивставуваат на сечата на дабовата шума над селото, предупредувајќи на еколошка катастрофа и уништување на животната средина. И покрај полициската казна од 600 евра за блокирање на патот и попречување на камионите натоварени со дрва, тие не се откажуваат од протестите против планот на шумското јавно претрпијатие за експлоатација на илјадници кубни метри дрвна маса. -Просекот на ...

Жителите велат дека за неколку дена речиси е уништена шумата на планината, а при поголем дожд може да дојде и до загадување на резервоарот на вода за селото. Тие се плашат дека масовната сеча може да предизвика поголема еколошка и инфраструктурна катастрофа. Сечата е запрена, но селаните немаат официјална потврда дека органите ќе интервенираат доколку некој повторно почне да ги сече дрвата над селото. Учесниците на протестот од ЈП Национални ...

Вчера, 16 август, повторно се крена гласот против голосекот во село Љубојно. Преспани започнаа блокади за одбрана на мајката природа, а борци од повеќе градови од Македонија дојдоа да ги подржат, информираат од иницијативата Зелена народна стража. „Сложно и сѐ е можно! Кога народот го брани својот ДОМ, ни еден потпис од некој си надлежен, не може да застане на патот!“, нагласуваат од иницијативата. Како што посочуваат оттаму, покрај ...