Екстремните горештини и зголеменото УВ-зрачење тивко го оштетуваат видот на милиони луѓе ширум светот, додека климатските промени стануваат сè поголема закана за здравјето на очите. Индиската земјоделка Алка Камбле со месеци во 2017 година имала заматен вид, но поради долгите работни часови и финансиските потешкотии, не побарала лекарска помош. „Не можев да си го дозволам тоа, а немав ни време бидејќи морав многу да работам за да преживеам“, ...

Катарактата, која ја заматува леќата на окото, влијае на околу 94 милиони луѓе ширум светот. Иако стареењето и генетиката играат улога, зголемувањето на глобалните температури се повеќе се посочува како фактор. Во 2024 година ја забележавме највисоката просечна температура на површината на Земјата досега. Температурите кои достигнуваат 40°C може да предизвикаат топлотен удар, што ги нарушува биолошките системи во телото. Лусиа Ечеваррија-Лукас, ...