Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која жителите ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронска форма, а исто така ќе имаат пристап и до најновите или најчесто бараните услуги, изјави министерот Стефан Андоновски. Во интервју за „360 степени“, Андоновски објаснува дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу потсетува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската ...
На дигиталниот самит што ние го организираме оваа година во Скопје, во октомври 2025 г., правиме напори да ја промовираме тест-верзијата или демоверзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ 1. – Станува збор за еден голем проект што го најавивме и започнуваме со негова ...