Директорот на ДЗС соопшти дека поради пожарот е затворен автопатот Скопје-Тетово во двата правци, а идентична информација стигна и од Автомото -сојузот на Македонија, со препорака до возачите да се движат по алтернативни патишта. Ова информација Ангелов ја сподели околу 14:40 часот, но четиринаесетина минути подоцна соопшти дека автопатот не е затворен Претходно од Центарот за управување со кризи го објавија билансот од ситуацијата со пожарите ...

Противпожарните екипи пронашле запалени гуми Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, денеска за ТВ 21 изјави дека се сомнева дека пожарот во границите на општината, во близина на автопатот Скопје-Тетово, е намерно предизвикан. Веќе ги информирал и тетовското обвинителство и тетовската полиција. „Врз основа на нашите информации и информациите од Противпожарната служба на Тетово, тие наидоа на три запалени гуми, за кои се сомневаме дека ...