„Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле ‘помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат’. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни, на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето ‘сегашен’ или ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека деновиве добивал информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку биде изгласан извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Сепак, рече дека би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на ...

Кога пријателството e условено, добрососедството завиено во уцени, а историјата алатка за политички притисок повеќе од потребно е да се постават границите и Бугарија конечно да престане да го негира македонскиот идентитет. За македонската влада, тие црвени линии се одамна јасно поставени и преку нив не смее да се оди ниту чекор. Во една ситуација на зголемени тензии помеѓу Скопје и Софија, премиерот Христијан Мицкоски е дециден – нема ...