Првиот светски рекет, Јаник Синер со супериорна партија избори пласман во полуфиналето на АТП Мастерсот во Рим. Синер за ривал го имаше Каспер Руд, тенисер кој е во одлична форма во последно време, ас кој триумфираше во Мадрид и оствари три триумфи во италијанската престолнина пред соочувањето со Синер и се очекуваше да биде вистински тест за домашниот ас. Меѓутоа се случи сосема спротивникот, фаворитот леташе на теренот, одигра скоро перфектно ...
Карлос Алкарас беше последниот тенисер кој го победи Јаник Синер на 2-ри октомври минатата година, па требаше да поминат речиси осум месеци за да го видиме првиот пораз за светскиот рекет број еден, и тоа повторно од шпанскиот тенисер. По паузата од три месеци, Синер се врати на терените со импресивен тенис и воодушеви со патот до финалето, но денеска наиде на исклучително расположен противник, кој покрај тоа што беше добар во клучните моменти, ...
Каспер Руд доби тениска лекција од Јаникс Синер во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Голем број од тениските фанови очекуваа голема борба, спектакл со оглед на тоа што Норвежанецот е познат како добар играч на земјена подлога, беше во одлична форма и требаше да биде вистински тест за Синер кој го игра првиот турнир од Австралија Опен, меѓутоа Италијанецот го „оддува“ противникот со 6-0 и 6-1. -Не беше толку лошо. Искрено, дури и беше забавно, ...