Македонската репрезентација денеска ги дозна ривалите за Европското првенство кое наредната година се игра во периодот од 15 јануари до 1 февруари. Ждрепката не се посака затоа што можевме да добиеме и полесна група, меѓутоа тоа е што е и ние сме сместени во Б-друштвото заедно со домаќинот и воедно светски првак Данска, Португалија и селекцијата на Романија. Избраниците на Лазаров ќе играат во Хернинг: Македонија доби силни ривали за ЕП (ФОТО) ...
Денешната ждрепка ја смести Македонија во групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија. Брзо по ждрепката е одреден и распоредот на натпревари. Почнуваме на 16 јануари против најголемиот фаворит за пехарот, домашната селекција на Данска. Два дена подоцна играме против Романија, ова е селекција против која мора да одиме на победа, а групната фаза ја завршуваме против Португалија на 20 јануари со која би требало да се бориме за втората ...