Како дел од обликувањето на надворешната политика, Македонија ја негува културната дипломатија, која е мек канал за надминување на проблемите со некои држави и за зближување меѓу народите. Но, потребно е зголемување на координацијата и поддршката на државните институции при презентацијата на нашите културни вредности и уметнички проекти во странство. Ова го кажа претседателот на Дипломатскиот клуб од Скопје, на денешната панел дискусија во ...

Во галеријата „Остен“ во Скопје вчера се одржа културна програма со која Остен арт – институција од културата за музејска и галериска дејност и Дипломатскиот клуб Скопје ја официјализираа својата соработка за поорганизиран настап во полето на културната дипломатија на Македонија по повод големите јубилеи на двете организации – 80 години од постоењето на „Остен“ – Скопје – институција со непроценливо културно значење и наследство во македонски и ...