Македонскиот напаѓач Давид Тошевски продолжува со кариерата во Белгија, каде што потпиша договор со тимот на Дендер. Според објавата, станува збор за двегодишна соработка, со можност за продолжување на уште една сезона. Препорачано Тошевски се очекува да биде значајно засилување во нападот на белгискиот прволигаш, кој се наоѓа во сериозна резултатска криза. По девет одиграни натпревари оваа сезона, Дендер е закован на дното од табелата со само ...
Македонскиот напаѓач Давид Тошевски конечно пронајде нова средина и во иднина ќе го гледаме во најсилната фудбалска лига на Белгија. Тошевски беше без клуб откако се раздели со Австрија Клагенфурт, тим за кој имаше добри партии во претходната сезона. Сега ќе се обиде да фати ритам и да се покаже во редовите на Дендер, екипа која ја очекува борба за опстанок ако се земе предвид стартот на натпреварувачката 2025/2026. Дендер е на последното место ...