„Една од компаниите во Ижевск беше нападната со беспилотни летала (...) Сите служби за итни случаи излегоа на местото на настанот. Има жртви. Пожарникарите ги гаснат пожарите“, напиша Бречалов на својот Телеграм канал, пренесува новинската агенција Интерфакс. Тој потврди дека, покрај службите за итни случаи, на местото на настанот излегле и психолози и друг медицински персонал. „На повредените им е пружена потребната медицинска помош“, објави ...

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ. Шефот на регионалната администрација на Запорожје, Иван Федоров, ја информираше јавноста преку Телеграм за нападот, во кој беа погодени најмалку шест различни локации во регионалниот центар, објави Укринформ. Според него, руски беспилотни летала погодиле индустриско претпријатие и територија на ...