Влегувам во ординацијата на докторката на Клиниката за онкологија, за да ми препише терапија. Во ординацијата веќе има пациент, а по мене влегува и трет пациент. Обично има гужва и тие си влегуваат, иако докторите настојуваат да има ред. Секој има различна терапија – некој прима хемо, некој зрачење, некој е на таблетарна терапија. Лекарот зборува пред сите пациенти, околу терапијата, несвесен дека дијагнозата или терапијата ја открива пред други ...
Пристап до сите медицински податоци на пациентите имаат сите лекари, а тоа, според активисти, не треба да биде така, па затоа тие се залагаат и бараат тој пристап до податоци да биде ограничен. Тие бараат усогласување, без оглед на тоа за каква дијагноза се работи, со цел да се почитува правото на приватност. За тоа, дали и кога може да се очекува да се ограничи пристапот до информации за дијагнози на пациенти, Мета се обрати во Управата за ...