Европската Унија останува посветена на поддршката на Северна Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по денешната средба со државниот врв во Скопје. „Штотуку имавме продуктивна средба на која разговаравме за повеќе важни теми. ЕУ останува со Северна Македонија. Вие сте првата земја во регионот која го потпиша партнерството за ...

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија. „Ова партнерство подразбира ...