По деветти пат, денеска улиците во Кочани беа исполнети со повици за одговорност и неселективна правда за трагично загинатите млади лица во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот за ангелите започна од Паркот на револуцијата, од каде граѓани, роднини, пријатели и поддржувачи се упатија кон зградата на Општината и полициската станица, па продолжија кон Судот и Јавното обвинителство во Кочани. И овој пат, голем број граѓани маршираа со фотографии, ...

Семејствата на загинатите во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани на деветтиот Марш за ангелите на институциите им порачаа дека во изминативе неколку недели овие институции им ја потрошија и последната тронка надеж и доверба. -Овие институции одново ги убија нашите деца, одново ја убија надежта во нас дека оваа трагедија ако ништо друго ќе биде барем лекција за во иднина и никогаш вакво нешто нема да се повтори. Полицијата и Обвинителството ...