Таско со нова песна на Велигден: „’Воскресение’ го опишува мојот пат - од борбата со пороци кон духовност“ „Сакав луѓето да ја слушнат мојата страна на приказната - каде бев последните години и низ што поминав. За некој да воскресне, прво мора да умре. Не мора тоа да е физичка смрт - но за да станам нова верзија од себе, најпрво морав да ја победам старата“, вели Таско за CRNOBELO.com. Христијан Тасковски Таско веќе некое време јавно зборува ...

Христијан Тасковски Таско веќе некое време јавно зборува за тоа колку биле тешки и порочни неговите последни години од животот, но и дека веќе неколку месеци живее поразлично – без искушенија, без работи што му го поматувале умот во минатото, фокусиран на семејството, на себе, на еден поубав и помирен живот. Откако неодамна излезе песната „Листот“ во која само ја начна содржината на своите внатрешни борби и демони, токму на Велигден, еден од ...