Струмичката полиција приведе лице осомничено за обид да подметне пожар во близина на приватен имот кај браната Водоча, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот го потврди и обвинителството, од каде информираа дека осомничениот вчера преку една од социјалните мрежи се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, по што се обидел да ги реализира заканите. Поради опасност од бегство и можност за повторување или ...
Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с. Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во ...