До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. Прогноза за 10.03.2025 Минимална температура: -4°C до 2°C Максимална температура: 17 до 22°C Сончево и топло со мала до умерена ...

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ( над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во ...

Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во ...