Легендарниот пејач и текстописец Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на групата „Рибља Чорба“, почина на денешен ден точно пред една година по борба со тешка болест. Бора почина во болница на 4 септември 2024 година од тешка пневмонија и хронична опструктивна белодробна болест, со која се бореше со години. Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) е хронична болест на респираторниот систем, која се карактеризира со трајно стеснување на дишните ...

По тој повод, се огласи бендот Рибља Чорба, во кој Бора Чорба беше фронтмен многу години. И тоа со емотивен статус на Фејсбук. „Една година без нашиот драг Бора, нашиот брат Боки. Засекогаш со нас. Борисав Ѓорѓевиќ - Бора (1.11.1952 - 04.09.2024)“, се наведува во објавата. Борисав Бора Ѓорѓевиќ (Чачак, 1 ноември 1952 - Љубљана, 4 септември 2024), познат по своето уметничко име Бора Чорба, беше српски и југословенски рок-музичар и поет. Ѓорѓевиќ ...