Тој рече дека во срцето на јавната администрација се крие иднината на нашата држава. „Реформите што Министертвото за јавна администрација ги води, не се само зборови на хартија, тие се дела, тие се реалност, тие ја менуваат секоја институција, го менуваат секојдневјето на граѓаните и го градат патот кон модерна, професионална Македонија. Свесни сме дека во јавноста често се слушаат стереотипи – дека администрацијата е голема, неефикасна, бавна. ...

За приближување кон ЕУ е потребно за 40 проценти да се намалат буџетските корисници – министерот Минчев очекува тоа да се постигне преку кратења на управните и надзорниот одбори, усогласување на бројот на членови и спојување на институции. Партизацијата создаде преобемна и трома државна управа, признава Минчев. Постојат многу предизвици за реформите на јавната администрација што не се прават само за членство во ЕУ, туку и за подобрување на ...