Битолската полиција денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ. (40) од Битола и П.Д. (38) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност. „На 12 јули годинава, околу 2.05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа. „Според доказите прибрани по наредба на јавен обвинител во предистрагата, на 12 јули годинава, осомничените активирале и фрлиле бомба М-75 кон куќа на улицата ...