Барселона запиша убедлива победа над Валенсија од 6-0 во првиот домашен натпревар во оваа сезона во шпанската Примера. Иако каталонците играа без неколку првотимци, избраниците на Флик се покажаа во одлично светло, го одиграа најкомплетниот меч во досегашниот тек на кампањата и ги освоија посакуваните три бода. Играч на натпреварот беше Фермин Лопез кој беше автор на два гола во 29 и 56 минута, партија по која испрати јасна порака за неговата ...

Интер имаше победнички почеток на групната фаза на Лигата на шампионите и тоа со славје во Амстердам кај Ајакс со резултат 2-0. Двата гола беа дело на францускиот интернационале Маркус Тирам, а на асистенција на Хакан Чалханоглу. -Благодарение на двата многу добро изведени корнери од Чалханоглу. Одигравме одличен натпревар без да примиме гол што беше и наша цел. Среќни сме. Знаевме дека мора да одговориме по резултатот со Јувентус и тоа го ...

Реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ се претвори во изградбата на патот Охрид-Кичево. Веќе пет пати се одложува отворањето на стадионот во Барселона, кој ќе го носи името на неговиот спонзор „Спотифај Камп Ноу“. Ова се должи на доцнење во работата и нецелосна документација. Претседателот Жоан Лапорта се надеваше дека натпреварот против Валенсија ќе се игра на „Камп Ноу“, но тоа не се случи. Барса мораше да игра на стадионот „Јохан Кројф“, а ...