Партијата Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе настапи со четворица свои кандидати на претстојните локални избори, кои треба да се одржат наесен. Одлуката за кандидатите била донесена на состанок на партиското раководство, кој синоќа се одржал во Тетово. Актуелниот градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, ќе се обиде да го освои вториот мандат, откако партијата повторно му ја даде довербата како кандидат за оваа општина. ...
Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, на претстојните локални избори ќе настапи со четворица кандидати. Лидерот нема да биде кандидат за прв човек на Гостивар. Таравари ги соопшти имињата за локалните избори: Партискиот генерален секретар Блерант Рамадани ќе биде кандидат за општина Сарај, додека за Теарце ќе трча претседателот на партиското собрание, Назим Таипи. Исен Шабани ќе биде кандидатот на Алијансата за општина Врапчиште. ...