Деветте ученици од 6-то до 9-то одделение во прилепскиот Центар за поддршка на учењето ја почнаа учебната година. Сакаат да учат и да се дружат. И мајката на седмоодделенецот Андреј смета дека доволно се работи за развојот на нејзиното дете со попреченост. Во Центарот работат седум едукатори и рехабилитатори, со учениците и со децата што доаѓаат на третмани. Иако засега се задоволуваат потребите, ќе биде неопходно да се зголеми персоналот. ...

Учебната 2025/2026 година денеска (1.09) почна за 245 илјади ученици, од кои 177.800 во основните и 67.200 во средните училишта. Клучната образовна алка што недостигаше за учениците во изминатите години – учебниците, веќе втора година не е тема: министерката за образование и наука, Весна Јаневска означи крај на тој проблем. „Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во ...