Реал Мадрид како клуб е пред емотивен викенд и ќе се раздели со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Луказ Васкез на натпреварот со Реал Сосиедад, а два дена подоцна и официјално ќе стартува новата етапа предводена од Чаби Алонсо. Поранешниот играч за врска е избран од Флорентино Перез и веќе ги има договорено сите детали со мандатарот на „кралскиот клуб“, па вечерва „Марка“ објави дека Баскиецот веќе знае за кога е закажана неговата промоција. ...

Реал Мадрид откако вчера се раздели со Анчелоти, денеска го назначува Алонсо за нов тренер. „Реал Мадрид соопштува дека Чаби Алонсо ќе биде тренер на клубот во наредните три сезони, од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на Реал Мадрид. Тоа значи дека Алонсо ќе го води тимот и на Светското клупско првенство. Алонсо како фудбалер играше пет сезони за Реал Мадрид, има 236 настапи за клубот од 2009 до 2014 година. Ова за Шпанецот ќе ...

Најтрофејниот фудбалски клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид го потврди Чаби алонсо за свој нов тренер. Алонсо досега го водеше Баер Леверкузен, тим со кого ја освои историската прва шампионска титула во историјата на клубот во Германија, и тоа без пораз. Го освои и Купот на Германија, а играше и во финалето на Лигата на Европа. Алонсо потпиша тригодишен договор со „кралевите“, и доаѓа на местото на Карло Анчелоти, кој седнува на клупата на ...