Министрите од Вреди кои ќе се кандидираат на претстојните локални нема да дадат оставка пред изборите. Ова го велат од нивната партија, во однос на прашањето кој ќе ги наследи во фотелјите и што ќе се случува во идниот период. Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, како и министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, добија „зелено светло“ од партиското претседателство да бидат кандидати на Вреди во Чаир и во Кичево. ...
„Не е забрането со закон, но дали е етички?“ – ова е најчестата констатација пред избори, кога се отвора прашањето какви се ризици носи кандидирањето на актуелни функционери за нови позиции во локалната или пак во централната власт во Македонија. Во пресрет на локалните избори во октомври, иако кампањата не е официјално започната, партиите веќе ги соопштија главните адути за изборите, а дел од кандидатите ги започнаа своите активности на терен. ...
Помина рокот за менување на Изборниот законик, дециден е премиерот Мицкоски. Независните кандидати очекуваа, од Собрание најавуваа, но од Влада порачуваат – не се очекува кворум за такво нешто. Претходно, од законодавниот дом истакнаа дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локални избори ќе мора да се реши – ако остане нерешено до одморите, ќе се остави за крајот на август, посочи спикерот Гаши на еден од брифинзите ...