„Разговорите со ЗНАМ се водат за тоа дали за некои градоначалнички места ќе се оди со кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или на партијата ЗНАМ. Листите за советници ќе бидат посебни. Тие ќе си настапат со свои советнички листи и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со свои советнички листи. Кога ќе има конкретни детали, тогаш ќе излеземе во јавност“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека логично е соработката во Владата со Вреди да ...

Преговорите за составувањето на советнички листи на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се одвиваат во добра насока. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ нема да има свои кандидати, ќе бидат поддржани кандидатите на коалициските партнери – Вреди и ЗНАМ. Мицкоски е уверен дека новите имиња кои ќе влезат во локалната власт, а се кандидати од владината коалиција, ќе работат многу повеќе од минатата ...

Владините партнери ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди со заемна поддршка уште во првиот изборен круг ќе настапат на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди информацијата на „Слободен печат“ дека ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе со кандидати за градоначалници во општините каде што ЗНАМ и Вреди ќе номинираат кандидати. Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ првпат ќе нема кандидати во Тетово, Струга, Гостивар… но и во Куманово ...