Различно го празнуваат Велигден, жителите од подбеласичкото село Колешино во општина Ново Село. Ова е село со најмногу вери но е пример за заеднички соживот и почитување. Најбројни се православните верници кои Христово воскресение го честитаат по полноќната богослужба во црквата „Св. Спас“. На Велигден се собираат на свечени трпези и кршат вапсани јајца подготвени уште во четвртокот. Иако не е задолжително, кој сака, јајца вапсуваат и ...

Во подножјето на планината Беласица, опкружено со природна убавина и богата историја, се наоѓа селото Колешино - едно од најмалите места во Македонија, но и едно од најбогатите кога станува збор за верска и културна разновидност. Овде, православните христијани, методистите, адвентистите и припадниците на други верски заедници не се само соседи - тие се едно семејство. Како што вели Христо Стојанов, еден од жителите на селото ,, Во Колешино, ...