Црна серија трагедии ја потресе португалската спортска јавност. По смртта на Диого Жота и неговиот брат во сообраќајна несреќа, како и трагичната загуба на голманот Џеферсон Мерли, денеска Португалија остана без уште едно големо спортско име. Препорачано На 53-годишна возраст, почина Жорге Коста, поранешен капитен и спортски директор на Порто, и поранешен репрезентативец на Португалија. Несреќата се случила попладнево, во тренинг-центарот на ...

На денешниот тренинг во базата на клубот, Жорге Коста доживеал инфаркт пред своите соработници. Веднаш му била укажана помош, со возило на брза помош бил одведен во болница, но не успеале да го вратат во живот. Коста подолго време имал проблеми со срцето, во 2022 исто така имал срцев удар, тогаш му биле вградени стентови. Жорге Коста важеше за еден од најдобрите португалски и европски дефанзивци. Тој за репрезентацијата на неговата земја има 50 ...