Вчера попладне на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Н.Л. (49) од Тетово. Како што денеска соопштија од министерството за внатрешни работи (МВР), тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“ со брзина од 111 км./ч. на место каде максимална дозволена брзина е 50 км./ч. По документирање на случајот, против лицето Н.Л. ...
На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с.Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ...