Под чадор првата седмица од доември, oд четврток обилни врнежи од дожд. По неколку стабилни и суви денови, нова влажна воздушна маса ќе ја зафати земјава. Од четврток попладне, дождот прво ќе пристигне во источните делови. Локално, врнежите ќе бидат пообилни и ќе продолжат се до понеделник. Температурите остануваат над нулата, со дневни вредности до 14 степени. Синоптичарите велат есента е во полн ек, а температурите се токму во просекот за овој ...

Утре и во четврток во утринските часови има услови за појава на магла, а од четврток до понеделник повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од УХМР под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па сѐ до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...