ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој, како што е повторено во денешното соопштение на оваа партија, било корен на сите негации. „ИК на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри ...
ВМРО-ДПМНЕ од понеделник ќе започне да собира 150 илјади поптиси за да се укине договорот со Бугарија поптишан во 2017 година. „Ние 2017 година го критикувавме Договорот за добрососедство. Исто и дел од јавноста не беше свесна. Сега штетните последици стапуваат на сила и ќе продолжат во иднина. Јавноста е зрела за овој договор да биде ставен на тест и истиот да биде прекинат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер, Антонио Милошоски ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на социјалните мрежи искажа поддршка за референдумот против асимилација и бугаризација, што го најави ВМРО-ДПМНЕ. Договорот со Бугарија наместо да ги унапреди меѓусебните односи во областа на економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, здравството, туризмот и сите други области за кои декларативно се согласни двете страни потписнички на истиот, создаде длабок јаз и ...