Автобус што превезувал ученици удрил во камион на автопатот Педемонтана во близина на Ломак, во Комо (Италија). Камерите на автопатот го снимиле судирот, при што е откриено дека возачот на автобусот не закочил, туку удрил во камионот пред него. Во сообраќајката 43-годишна наставничка починала на самото место, додека две деца се повредени. Во судирот потоа учествувале уште четири возила кои се движеле во иста насока. Во несреќата се повредени ...
На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа ...
На 19.05.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Македонско – косовска бригада“, бул.„Словенија“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(29) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...