Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација. „Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната рехабилитација, да биде таму“, појасни Андовски. Пожарот во кочанската дискотека Пулс, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во ...

Кај повредените пациенти од кочанската трагедија, освен изгореници, има лица и со инхалаторна повреда, како и со психолошката траума. Пациентите се поделени во пет групи според класификацијата на повреди и на оние во 4-та и 5-та група ќе им треба продолжено лекување, а кај дел од нив и оперативен хируршки третман. -Засега не е благодарно да се каже колку време би траело лекувањето, но станува збор за подолготраен третман, изјавија денеска на ...