Премиерот Христијан Мицкоски од самитот на Европската политичка заедница во Тирана изрази оптимизам за интеграцијата на Македонија во Европската унија, наведувајќи дека земјава „заедно со Албанија цврсто чекори по патот кон ЕУ“. Препорачано Албанија и Македонија долги години се движеа по патот кон ЕУ во „пакет“, но челниците во Брисел одлучија да ги раздвојат двете земји во септември лани. Тогаш, Албанија оттогаш почна да чекори многу поцврсто ...
Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Post Views: ...