Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка ...

Основното јавно обвинителство Кочани ја финализираше истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 62 лица. Во рамките на истрагата, соопшти обвинителството, опфатени се вкупно 46 осомничени лица кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност, согласно Кривичниот законик. Во наредниот период, одбраната на осомничените ќе има можност да изврши увид во обезбедените докази и да предложи свои, по што ...