Денеска е 13 мај (по стар стил) и се слави Светиот маченик Александар. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот ...

Кичевското село Белица е едно од ретките во Македонија кое секоја година на 26 мај го слави празникот Александрија во чест на св. маченик Александар. – Александрија е најголемата селска слава посветена на уникатниот заштитник на нашето село и на семакедонските воини кои се бореле со векови низ историјата за независна и суверена држава Македонија. Нека е напомош и вечно неговото име кое низ вековите наназад, па се до ден денес е најголемата ...