Иако е обвинет во неколку судски предмети, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не пропушти да го прослави својот 68. роденден. Во пауза меѓу две рочишта – едното за набавката на луксузно „Ауди А6“, другото за незаконски вработувања и поставување спомен-плоча на општинската зграда – Мерко се почести со роденденски коктел во просториите на Општина Струга. Прославата ја организирале вработените во Општината, а Мерко доби уметничка слика и торта ...

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вчера го прославил 68-от роденден. За прославата тој се пофали преку официјалната фејсбук-страница на Општина Струга. Таму се објавени фотографии и видеа од целата свеченост. Добил уметничка слика и роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува години. -Во текот на годините на јавна служба, г. Мерко покажа стабилно лидерство, бескомпромисна посветеност и висока сензитивност кон потребите на ...