Обострани барања при посетата на Трамп во Катар, како продолжение на неговата турнеја во Заливот. Освен потпишаниот економски договор вреден милијарди долари, катарскиот емир побара од САД да извршат притисок и да помогнат да се стави крај на крвопролевањето во Газа, во момент на продолжените мировни преговори и засилените израелски напади. Од друга страна, Трамп го повика Катар да му помогне да го убеди Иран да се откаже од својата нуклеарна ...

„Водиме многу сериозни преговори со Иран за долгорочен мир“, рече Трамп, кој денес е во Катар како дел од турнејата на Блискиот Исток, објави Ројтерс. Советникот на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Шамкани, претходно денес изјави дека Иран е подготвен да се согласи на нуклеарен договор во преговорите со САД во замена за укинување на економските санкции. Тој во интервју за NBC News рече дека Иран ќе се обврзе никогаш да не ...