Пандев и Киву заедно играа во Интер, двајцата многу добро се познаваат. Македонецот редовно е гостин во италијанските медиуми за време на натпреварите од Лигата на шампионите, вчера беше во студиото на „Скај Спорт Италија“. „Здраво Кристијан, дали идејата ти беше веднаш да играш со формација 3-5-2 или сакаше да направиш нешто друго? И дали си задоволен од трансфер пазарот“, го праша Пандев. Македонецот алудираше на тоа дали Киву сакал со некоја ...

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше гостин на „Скај Спортс Италија“ за време на емисијата и натпреварот меѓу Ајакс и Интер во Лигата на шампионите. Струмичанецот е доста почитуван на „чизмата“ и меѓу навивачите на неговите поранешни клубови, а сега се појави во италијанската јавност во една поинаква улога. Пандев освен што зборуваше за некои теми од минатото, доби задача како новинар да му постави прашање на тренерот на „нераѕурите“ ...