Лажна тревога за пожар ги исплашила предмалку посетителите во Дајмонд мол во Скопје, откако на разгласот им било посочено со внимание веднаш да го напуштат објектот низ најблиските отворени врати. Според она што ни го пренесоа читателите на 24Инфо веднаш биле исклучени лифтовите и ескалаторите, а не работеле ниту ротирачките врати во молот при што настанака паника. Сепак на крајот им било кажано дека се работи за лажна тревога. Извор 24 Инфо ...
Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, останатите се стабилни. „Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца во Клинички центар на Пластична хирургија, еден пациент во „8 септември“, во стара градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно ...