Најмалку 89 лица беа повредени, откако иранска ракета погоди болница во градот Бершеба во јужен Израел и станбени згради во градовите Рамат Ган и Холон во централниот дел на земјата. Техеран соопшти дека мета на нападот бил воен објект во близина на болницата, но Израел обвини дека Техеран намерно бомбардира цивилни цели, посочувајќи ја болницата Сорока како пример. „Тоа што Иран напаѓа цивилни центри со балистички ракети за нас не е ...
Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс. Нешто по 2:30 часот наутро во Израел, израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на Западниот Брег ...
Не мирува тлото на Блискиот Исток. Експлозии одново одекнуваат во Израел и Иран. Техеран со нов масовен напад, повторно удри во Бершеба, израелските сили нападнаа во северозападен Иран. Тел Авив решен да оди докрај да ја уништи иранската нуклеарна програма, со или без помош на САД. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, сега велам-го менуваме лицето на светот. Решен сум да ги постигнеме сите наши цели. Одлуката на Трамп дали сака ...