Пожарот кој го зафати паркот на природата Езерени се шири кон Националниот парк „Галичица“. Според последните информации од Центарот за управување со кризи, огнот е на околу 300 метри од куќите во село Волкодери. Околу 15 часот се очекува да полета уште еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е испратено барање за интервентна поддршка од Армијата и МВР. Пожарот во Езерени изби синоќа. Во текот на ноќта беше ставен под ...

Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник. Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран. Од Македонското еколошко друштво попалднево објавија дека ситуацијата во Езерани останува критична и дека пожарот се приближува до околните ...