Еурофарм Пелистер му гостува на ПСЖ во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. Битолчани со победата над Загреб во добар ритам пристигнаа во Париз, а таму ги чека гигантот на европскиот ракомет кој зад себе има доста промени во ростерот. Во пресрет на натпреварот со македонскиот првак своите очекувања ги сподели средниот бек Ноа Гаудин. „Фактот дека ќе го одиграм првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите за ПСЖ е голем за мене. ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одново одиграа фантастично во Лигата на шампионите, но немаа сили до крај да се надигруваат со моќниот ПСЖ и го забележаа првиот пораз во новата сезона во ракометната елита. Македонскиот шампион долго време играше рамо до рамо со фаворизираниот противник, во неколку наврати имаше и водство од три гола, но попушти концентрацијата во финишот и искусниот домашен тим го искористи тоа и на крај славеше со 33-27 ...