Одново повик од премиерот Христијан Мицкоски до Обвинителството, за да се преиспитаат случаите за пожарот во Модуларната болница во Тетово, несреќата кај Ласкарци, но и случајот со пожарот на автобус на Беса транс. За него очекувана била казната која е изречена на директорите во тетовската болница, меѓу кои е и братот на Фатмир Бесими. „Истрагата не ја води Владата, туку Обвинителството. Пресудата ја носат судовите. Ние сме кажале дека немаат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Обвинителството да ги преиспита сите случаи во минатото, за кои рече дека биле заташкани, а меѓу нив ги наброја случаите „модуларната болница во Тетово“, „Ласкарци“, „Беса транс“, вклучително, како што рече, и последниот во Кочани. Ваквата порака, при неговата посета на Желино, ја упати одговарајќи на новинарско прашање за одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово и поддршката за ...