Ракометните фанови во Скопје останаа шокирани поради фактот што екипата на АЕК одби да го одигра реваншот од финалето во Европскиот куп против Алкалоид и реши да не истрча на теренот во салата во СЦ „Борис Трајковски“. Македонскиот претставник имаше предност од првата средба во Атина и посакуваше крунисување со првиот европски трофеј, но грчкиот претставник не се појави на теренот и тоа поради несогласувањето поради обезбедениот број на билети ...

Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК од финалниот двомеч во ракометниот Европски куп не се одигра вечерва во Скопје како што беше првично планирано, а конечната одлука за епилогот во битката за трофејот ќе треба да ја донесе Европската ракометна федерација. Ракометарите на АЕК не излегоа на теренот во Скопје, а според претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски, причината била ултиматумот кој фановите на грчкиот состав го испорачале кон ...