Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија. Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани помина во ...

Тргнувајќи од Паркот на Револуцијата учесниците на маршот поминаа низ Трговскиот центар, кратко запреа пред зградата на Општина Кочани каде се сместени и инспекциите, а оттаму се упатија пред Одделението за внатрешни работи порачувајќи дека нема да се откажат од барањето правда за своите најмили. Во јавното обраќање пред Обвинителството родителите реагираа што бројот на осомничените од 73 се намалил на 46 лица, а повеќето од оние кои треба да ...